City Medicaе приватна поликлиника со локација на Илинденска кај МИДА комплексот.

Располагаме со модерно опремен простор кој дополнително придонесува за пријатната атмосфера и удобност на пациентите.

Со цел да ги задоволиме потребите на нашите пациенти нудиме медицински услуги од повеќе бранши, следејќи ги највисоките светски стандарди.

Во нашата поликлиника работи тим составен од високо стручен медицински кадар на доктори и сестри, секогаш подготвен да одговори на вашите потреби и да ја оправда вашата доверба.

Она што за нас е најважно е грижата за здравјето на пациентите, обезбедувајќи безбеден третман и дијагностика, без оглед на возраста.