Поликлиниката МХ Сити Медика се грижи за унапредување на Вашето здравје и со квалитетни професионални услуги од областа на медицинската лабораториска дијагностика. Следењето на функциите на виталните органи го спроведува високо едуциран лабораториски тим преку широк спектар на општи и специфични лабораториски анализи изработени на најсовремена опрема со висока технологија.

Согласно строгите европски стандарди, внатрешната и надворешна контрола на квалитет на лабораториските параметри обезбедуваат прецизни анализи со што се овозможува точна дијагноза и соодветна терапија или третман на пациентот. Се изведуваат хематолошки анализи, биохемиски анализи, одредување на глуциден статус, липиден статус, ензими, деградациони продукти, електролити, специфични протеини, имунолошки статус, маркери за воспалителни процеси, хормони, тумор маркери, маркери за хепатитис А, Б и Ц, ХИВ, урина, уринарен седимент и друго.

Нудиме можност за земање на примерок во домашни услови, комплетна дијагностика и изработка на анализите во најкус можен рок, достава на резултати по е-маил, по потреба консултација и интерпретација на истите од специјалист по медицинска биохемија со долгогодишно работно искуство.

За изработување на поспецифични биохемиски анализи, биохемиската лабораторија има склучено договор за соработка со други еминентни лаборатории во земјата.

laboratorija@mh-citymedica.mk